Арсовски: Пендаровски потврди дека во општеството има хаос и анархија

Во вечерашната емисија на Телевизија 24 „24 Анализа “ гостуваше портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски. Тој кажа дека претседателот Пендаровски во својот говор ги потврдил сите проблеми и хаос што владеат во општеството на кој и ВМРО ДПМНЕ континуирано става акцент во периодот од кога СДСМ и Зоран Заев се на власт.

Да, денеска господинот Педаровски кажа многу работи , практично ги потврди сите оние работи кој што претходно ВМРО ДПМНЕ наназад година две , три ги говори во однос на сите оние аномалии кои што ги има нашето општество од доаѓањето на Зоран Заев и на СДСМ и практично веќе од доаѓањето на Стево Пендаровски како претседател на Република Македонија истакна Арсовски.

Потенцираше дека при своето излагање претседателот признал дека државата тоне и дека постои анархична состојба од која не се гледа излез. 

Можам да сублимирам само дека практично Пендаровски го потврди сето она кое што го говореше ВМРО ДПМНЕ изминатиот период дека на еден начин Република Македонија тоне и постои една анархична ситуација од која што сега за сега не се гледа излез. Оние кои што треба да работат на отклонување на тие аномалии практично не работат ништо и еве како што гледаме денеска само јавно ги потврдуваат тоа се Стево Пендаровски кој што е претседател на Р. Македонија, и тоа е власта на Зоран Заев практично од каде што можам да забележам сите тие аномалии на општеството и целиот овој хаос и анархија потекнува токму од како дојде оваа влада на чело на државата, појасни Арсовски.

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ дополни дека оние кои што треба да работат на отклонување на аномалиите во општеството а тоа е власта и институциите не работат ништо и дека со своите изјави само потврдуваат дека лошите состојби во државата се продлабочени и нема никакви мерки за нивно решавање.