Арсовски побара одговор од Костадинов зошто не дал исказ за односите со Боки 13 и случајот „Рекет“

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ побара од Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на владејалката СДСМ да одговори зошто тој не бил во Јавното обвинителство за организиран криминал да даде исказ за случајот „Рекет„ и да објасни во какви реалции е со првоосомничениот Бојан Јовановски „Боки 13“.

Дали за случајот Рекет вие дадовте исказ во обвинителството, бидејќи поранешниот ваш генерален секретар Кирацковски ги повика сите функционери кој на некој начин имаат потреба да отидат и ли биле во комуникација со Бојан Јовановски да отидат самите доброволно да дадат исказ во обвинителството. Па, дали ти отиде, праша Арсовски.

На тоа Костадинов немаше конкретен одговор и кажа дека доколку е потребно ќе тиде, на што Арсовски му реплицираше дека истрагата веќе е затворена.

Отиде или не? Во интерес на истрагата требало да одиш да дадеш исказ чисто во какви релации си бил со Боки 13, му порача Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.