Арсовски: Половина милион граѓани живеат на работ на егзистенцијата

Зоран Заев и СДСМ живеат во нереален и во замислен свет. Живеат во свет каде што мислат дека економската ситуација во државата е иста како и економската ситуација во семејството Заеви. Напротив, економската ситуација во семејство Заеви е идеална и само се зголемува контото и парите на нивните сметки, додека пак економската ситуација во државата е катастрофална и се повеќе граѓани тонат во сиромаштија, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Скоро половина милион граѓани припаѓаат во групата на сиромашни граѓани и живеат на работ на егзистенцијата секој ден. Да беше ситуацијата идеална како што вика Зоран Заев, немаше граѓаните да си ја бараат егзистенцијата и решението на економските и финансиските проблеми во странство. Од друга страна секој ден гледаме како Зоран Заев и неговите апологети зборуваат дека просечната плата секој месец расте. Можеби расте, ама расте во семејствата на функционерите на СДСМ, а не и кај граѓаните.“

Арсовски потенцира дека Заев и СДСМ уште во декември 2018 година побрзаа да се пофалат дека просечната плата поминала 400 евра или 25.784 денари, притоа лажејќи ја јавноста за реалната ситуација.

„Веднаш потоа видовме дека од јануари до мај 2019 година, после само неколку месеци по фалбите на Заев и СДСМ, просечната плата падна за 1.113 денари или за 4.5% пониска од онаа кога се фалеа во декември 2018. Ги лажеа граѓаните со фиктивни бројки бидејќи во декември се исплаќаат бонуси и к-15 за вработените, како и дивиденди на сопствениците на компаниите. Аналогно на тоа, во време кога СДСМ беше тресена од најголемите афери и скандали, непотизми, коруптивни скандали, продолжија да лажат дека сме достигнале рекордно ниво на директни странски инвестиции во 2018 година. Резултатот е дека странските компании ги реинвестираа добивките, а истите тие странски компании се резултат на политиките за привлекување на странски директни инвестиции од претходните влади, а не на СДСМ и Зоран Заев. Заев е тој кој што ги бркаше инвеститорите како градоначалник на Струмица и не успеа ниту една инвестиција да привлече затоа е сведок економската зона „Сачево“, каде што ден денес нема ниту една единствена инвестиција која што тогаш ја најавуваше Зоран Заев.“

-Само во првиот квартал од 2019 година нивото на директни странски инвестиции изнесува 21,6 милиони евра, што е за 90-тина проценти помалку од истиот тој прв квартал во 2018, што уште еднаш ја докажува неспособноста на оваа влада на Зоран Заев. Во вториот квартал од 2019 имаме за речиси седум пати пониско индустриско производство во првиот квартал од 2019-тата година. Бројот на работниците во индустријата во првиот квартал од 2019-тата година беше зголемен за 1.2%, додека пак во вториот квартал од 2019 година споредено со вториот квартал во 2018-та година имаме намалување на бројот на работниците во индустријата од 2.3%. Секој ден имаме 100-тици луѓе како заминуваат да работат во странство и бегаат од државата, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и подвлече:

„Зоран Заев е човекот кој додека ги лаже граѓаните со бројки кои тој им ги диктира на институциите да ги презентираат во јавноста само за да ја оправда својата неспособност, тој самиот и неговите функционери покосија се во државава, испокрадоа се што можат во државава и продолжуваат да пустошат и понатака. Освен афери, криминал, корупција, уцени, закани и рекет, од оваа Влада друго не видовме. Затоа што побрзо си заминат, толку подобро.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.