СДСМ да не молчи на бугарските провокации, Гоце Делчев е македонски револуционер, порача Арсовски

И кај граѓаните и кај јавноста,  но и кај политичките субјекти е јасно е веќе дека СДСМ, целото нивно раководство, оние кои се на владини функции, како и Стево Пендаровски кој иако е претседател на државата, воспоставија практика да не ги чествуваат државните и македонските празници, националните симболи и великани, она што повеќе ме загрижува е денешната изјава на бугарскиот амбасадор кој со самото поклонување на гробот на Гоце Делчев, истакна дека се работи за „бугарски“ револуционер, јас би потенцирал дека Гоце Делчев е македонски револуционер, еден од постулатите на македонската држава, на македонската историја, на ВМРО, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Тој апелираше власта и надлежните институции да реагираат на ваквите изјави од национален карактер, дали од страна на МНР или од страна на Пендаровски, на некој начин власта да реагира, да не молчи затоа што тоа е начинот на кој можеме да ги заштитите нашите великани, вели Арсовски.

Арсовски смета дека се работи за целосна негрижа и незаинтересираност на власта кон националните великани и се што е поврзано со Република Македонија и се што е македонско, доволно говорат нивните постапки, како и тоа дека власта со ништо не придонесува кон заштита на националното богаство и ваквите великани на Македонија.

-Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се одбележуваат и ќе се чествуваат овие великани онака како што заслужуваат, што ќе се случи набрзо, посочи Арсовски.