Арсовски: СДСМ продолжува со кршењето на законите и партизирање на институциите

Владата на СДСМ продолжува да ги полни институциите со партиски кадри го прави со грубо кршење на законот, па така според информациите од медиумите во министерството за економија за државен секретар е поставен Зоран Павловски од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во Општина Куманово, а не од вработените во министерството, со што беше прекршен законот за административни службеници, укажа во четвртокот Димче Арсовски, потпретседател на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Идентитечен случај, потсети Арсовски, имаше и пред неколку дена кога во Министерството за здравство беше именуван за државен секретар Владимир Милошев претходно вработен во клиничката болница во Штип, а не во Министерството со што, исто така, во тој случај е нарушен законот за администрација.

Арсовски, покрај тоа, цитираше дека „согласно Членот 23 став 6 од Законот се наеведива јасно вели вели дека Секретарот од ставот (1) алинеја 1 на овој член од редот на административните службеници од категоријата Б, односно од редот на раководните вработени го назначува министерот и истиот треба да ги исполнува посебните услови за работното место за нивото Б4 на раководни административни службеници. Според законот за административни службеници членот 101 став 2 Глоба за раководното лице на институцијата за прекршување на овој законот изнесува 7.500 до 15.000 евра“.

„Ова преставува класично непочитување на законите и за тоа некој еден ден ќе сноси санкција. Ова е класично рушење на институциите во Македонија. Да биде иронијата поголема, денеска случајот со именувањето на државниот секретар во министерството за економија се врши пред носот на Агенцијата за државни службеници. Тие со министерството за економија делат еден ист објект, ама абер немаат да реагираат на ваквите груби кршења на законот со што се загрозува функционирањето на администрацијата“, рече Арсовски.

Според него, тоа не претставува само партизирање на институциите, туку и уривање на системот преку непоитување на законските одредби.

„Тоа не е само штета за институциите, нивното нормално функционирање, туку преставува и директна штета на државата и пред се на граѓаните. Со овие кадровски решенија СДС го доведува во прашање нормалното функционирање на администрацијата во министерствата и спроведувањето на нивната основна должност да бидат сервис на граѓаните и да одговараат на нивните потреби и барања. За сите вакви незаконски однесувања и кршење на законите одговорност ќе има за секој вклучен и за секој засегнат“, заклучи Арсовски.