Арсовски: Сите до еден од овие што слушаме дека нарачувале палење на коли се класични кукавици

4-5 пати тенденциозно избушени сите гуми на моите семејни автомобили, неколку закани дека ќе ми биде запален автомобилот, за на крај кукавички на 6 ноември 2018 година да ми скршат стакло и кога видоа дека не прекинувам и не им се плашам, туку пожестоко секојдневно им одговарав на криминалот, се повлекоа како кукавици, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Затоа што тоа и се, сите до еден од овие што слушаме дека нарачувале палење на коли се класични кукавици.

Епа ќе одговарате за сѐ, за сите коли запалени и искршени, за бомбите фрлени и куќата запалена на Кендо и за секој еден зулум направен. Ви се гледа крајот.

Има една народна – “што си посеал, тоа ќе жнееш”.

П.С. Тука не мислам на жетвата на марихуаната што ја посеале Вице и Трајче и некој си Рашо“-истакна тој.