Арсовски: Ситуацијата со Ковид 19 е сериозна, граѓаните да се придржуваат кон препораките и мерките

Доколку се реагираше на време и доколку уште пред две недели патниците кои што влегуваа во Република Македонија навреме беа однесени во карантин и во изолација ќе се спречеше сето она ширење на корона вирус односно Ковид 19 како тоа што ни се случува во моментот вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешниот Live chat насловен Затоа што секој живот вреди во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Арсовски сериозноста со корона вирусот е сериозна, потенцирајќи дека е потребно граѓаните да се придржуваат кон препораките и мерките од страна на граѓаните.

На почетокот кога се појави вирусот, можеби кај нас граѓаните, но вклучително и институциите и властите не ја сфаќаа толку сериозно цела ситуација, можеби и затоа уште веднаш не беа спроведени сите оние мерки кои што сега се спроведуваат.

Сериозноста е многу голема и треба да се внимава од страна на сите граѓани да ги почитуваат препораките од страна на стручните лица како и препораките за неизлегување од дома, додаде тој.