Арсовски: Со парите кои Заев им ги дава на советниците клептомани можеше да се помогнат студенти и ранливи семејства

Вкупно 45.000 евра годишно премирот Зоран Заев ги плаќа српските мешетари Зоран Башановиќ и Александар Обрадовиќ како специјални советници во неговиот кабинет и во ЕЛЕМ, пари директно од Буџетот на граѓаните одат во џебот на овие двајца мешетари, обвини во петокот Димче Арсовски, потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на Зоран Заев се уште молчи која ќе биде придобивката од работата што ќе ја извршуваат Башановиќ и Обрадовиќ и кои совети ќе му ги поделат на Зоран Заев исто така и на кој начин ќе си ја заработат годишната плата од 45.000 евра“, посочи Арсовски.

Направи споредба дека со овие средства на годишно ниво може да се доделат за повеќе од 110 стипендии за успешни студенти или, пак, да се дадат на 90 семејства по 500 евра, односно од социјално загрозените категории.

„Владата на СДС скрати средства од Буџетот од капитални инвестиции, од ставки кои ќе влијаат на развојот на економијата на државата, стопираат проекти од сите области, стопираат градби на градинки, факултети, студентски домови, спортски сали. СДС со ова им удира шамар на студентите, на родителите, на социјално загрозените семејства, или со еден збор, СДСМ им удира шамар на сите граѓани. Толку од студентскиот стандард, толку од најавите за подобриот живот кој што требаше да дојде. Наместо тоа, 45.000 евра пари на граѓаните ќе одат во џебовите на луѓе како Обрадовиќ и Башановиќ кои во своето минато се познати по своето недомаќинско работење, криминалните дејанија, осудени за клептомански дејствување, односно крадење на ќебиња во вредност од 5.000 евра, потенцирам, крадење на ќебиња како и многу други работи кои се спротивни на законот“, укажа Арсовски.

За него, премеирот Заев освен што дозволил лица кои имаат криминално минато да ја кројат енергетската политика на земјата, истовремено и ги потенил македонските стручњаци и интелегенцијата на македонската јавност.

„Советите од естрадните работници, твитер советниците, клептоманите и криминалците на Зоран Заев и СДС ќе им се удрат од глава. За ваквото недомаќинско владеење, граѓаните на СДС ќе им ја нанесат најголемата казна и најголемиот пораз на 15-ти октомври“, порача на крајот Арсовски.