Арсовски: Со планот на Заев и СДСМ ќе станеме како Северна Кореја

Зоран Заев со вчерашната прес конференција, во ист ден кога се викаат на распит и замолчување двајца новинари, упати јасна порака до граѓаните и до новинарството односно до седмата сила, а тоа е дека треба што побрзо да замолчат или можно е сите да одат во затвор. Зоран Заев вчера претстави план за цензура, изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Со вчерашниот план Заев и СДСМ напоменаа дека сакаат да не направат нас тука како Северна Кореја, земја во која што граѓаните не знаат што се случува во сопствената држава, а не пак надвор. Заев и СДСМ се плашат да бидат откриени за целиот свој криминал што го прават, па затоа носат вакви планови од кој е згрозена целата јавност, каде што медиумите се соочуваат со уцени, закани и со цензура.“

Арсовски потенцира дека ако некој треба да се справи со лажните вести, тоа се граѓаните кои секој ден се лажени од Зоран Заев и од власта.

-Такви вести ги има многу секојдневно. Лажна вест е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики. Лажна вест е дека СДСМ не стои позади рекетот. Лажна вест е дека Курто Дудуш не малтретирал и не тепал и навредувал свој сограѓани. Лажна вест е дека секретарот на Владата на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок 7 милиони евра. Лажна вест е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за преговори односно за почеток на преговори. Лажна вест е дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе ги штити идентитетот и жицата македонска, посочи Арсовски.

-Зоран Заев ангажирајќи ги сите државни институции под негова контрола, сака да го угнете народот, новинарите и медиумите, и како што гледате сака да воведе цензура. Планот на Заев за диктатура во Република Македонија не може и не смее да успее. И нема да дозволиме да успее. Зоран Заев и СДСМ мора што побрзо да си одат власта и да бидат сменети на предвремени парламентарни избори, дополни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.