Арсовски: Спрегата меѓу СДСМ и фондацијата на Сорос го погрбаа невладиниот сектор

Спрегата меѓу СДС/Сорос го погреба невладиниот сектор во Република Македонија, а премиерот Зоран Заев и таканаречените граѓански активисти, како што и беше ветено започнаа со јадење на живи луѓе и први на менито им се сите оние излажан и изманипулирани граѓани кои веруваа дека соросовите одработувачи за Заев се вистински и искрени претставници на граѓанскиот сектор и граѓанските интереси, обвини во саботат Димче Арсовски, потпретседател на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Таканаречените невладини организации на Сорос кои се под директна контрола на СДС си го покажаа уште еднаш и дефинитивно своето вистинско лице. Тие никогаш не беа никаков невладин сектор, туку само слуги на политичките интереси на спрегата помеѓу СДС/Сорос“, рече Арсовски.

Оцени дека владејачката СДСМ и ткн невладини организации кои произлегуваат од Отвореното општество на Сорос фондацијата заедно „функционираат одлично“ и тоа „не само кога треба да се уништуваат споменици, напаѓаат објекти и палат и ограбуваат канцеларии на Претседателот на Републиката, туку и кога треба да се „валоризира потрошениот труд за насилното уривање на власта“.

Арсовски посочи дека поранешните невладини, а сега владини советници и чиновници докажале оти нивната цел никогаш не била да се биде граѓански коректив на власта, туку само да се доберат до фотелји и до позиции.

„Нивните принципи никогаш не биле одбрана на државата и нејзините интереси, туку личниот бенефит и личниот профит. Токму затоа во владата на Заев веќе се вработени десетици ткн граѓански активисти кои цело време, изминативе години одработуваа за интересите на СДС, лажејќи ги граѓаните на Република Македонија дека застапуваат некаков граѓански интерес“, рече Арсовски.

Додаде дека активистите на Сорос влегле „длабоко во владата на Заев и СДС“ и докажале оти нивната битка никогаш не била за слобода, демократија и правда, туку за доаѓање на власт со лаги, интриги и манипулации.

„Прочитани се и добро запаметени од сите граѓани овие профитери и одработувачи како што се: Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ, Грчев и многу други сеачи на магла кои ги гледаме изминатиов период“, наброи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа, порача Арсовски, граѓаните нема да дозволат „никогаш веќе да бидат манипулирани од вакви профитери“ и нема да дозволат никој да се претставува веќе во нивно име, а во заднина да одработува за политичките интереси „на аболициран криминалец кој по секоја цена сака да ја запоседне власта“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.