5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Арсовски: Судијката Мери Дика „перела пари“ со Бојан Јовановски

Луј Витон правосудството на Заев и СДСМ го урниса целиот правосуден систем во Република Македонија, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Судијката од апелациониот суд Мери Дика, инаку кума на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, јавно призна дека е вклучена во перење пари во корелација со Бојан Јовановски. Судијката Мери Дика, призна дека дозволила нејзините податоци да бидат користени за да се изврши поврат на данок за се што пазарел Бојан Јовановски и неговото семејство во Милано, Италија. Имајќи го предвид луксузниот стил на Бојан Јовановски кој се мери во илјадници, но и во стотици илјади евра, нималку не се сомневаме дека тоа биле огромни суми на пари кои Мери Дика ги извадила користејќи ги нејзините лични податоци и истите му ги предала на Бојан Јовановски Боки 13 и со тоа автоматски извршила дело „перење пари“. Здобиените пари од повратот му ги дала на Бојан Јовановски, имајќи предвид како што реков дека троши огромни суми на пари за својот луксузен стил на облекување. Прашањето е дали тие стекнати пари откако ги извадила, откако му ги дала на Бојан Јовановски, била свесна и знаела од каде се снабдени, имајќи во предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки, односно, нема сметки со легално легнати пари, истакнува тој.

Арсовски посочува дека со секое ново сведочење во „Рекет“ излегуваат на површина сите постапки на инволвираните во истиот случај.

-На Кацарска и се заканува затвор до 11 години заради влијание врз друг судија и уште веднаш треба да се суспендира, од страна на Иван Џолев. Според сведочења Русковска била вмешана во криминал од 4 милиони евра. Денес гледаме дека Мери Дика „перела пари“ за Бојан Јовановски. Како што реков имајќи во предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки каде што има легално стекнати пари, односно оттука е прашањето дали можеби овие пари коишто се трошени во Милано, односно коишто се користени личните податоци на судијката Мери Дика се пари стекнати од рекетирање. Кацарска судството и Русковска обвинителството е реалноста на правосудниот систем во Република Македонија. Затоа ни е потребен закон кој нема да дозволи штитење на криминалот. Почитувани, крајот се ближи. Зоран Заев и СДСМ се виновни за се ова што се случува и одговорност мора да има за се она што е направено во делот на криминални деанија од страна на оваа влада, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.