Арсовски: Сваровски судството и трас-трас обвинителството се главни сојузници на Заев

Денешната изјава на Заев за прочистување на судството, отчет на обвинителството заслужува коментар кој ќе ја прикаже вистинската слика на оваа Влада. Сваровски судството и трас-трас обвинителството станаа главен сојузник на Заев и СДСМ, чистејќи му го криминалот изминативе 3 години. И после 3 години откако му го исчистија целиот криминал за кој што имаше и јавни докази, сега лажат дека ќе прават повторно прочистување, што уште еднаш покажува дека намерите се само уште повеќе да се стават под контрола судиите и обвинителите, изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Најпрвин, ова е груба лага од страна на Владата на Заев дека ќе ги решат проблемите во судството и обвинителството. Имаа 3 години да направат прочистување на судството и обвинителството, велеа дека ќе ги разрешат сите судии, ќе прават ветинг, ќе реформираат, напротив, ништо од тоа не направија. Наместо тоа ниту еден судија не е разрешен, оние кои што го штитеа криминалот се унапредуваат како примерот со Кацарска, а реформите кои ги почна и самиот Заев како прв човек на телото за реформи во правосудството не направи ама баш ништо, вели тој.

– Денешната изјава на Заев е само заплашување и уцена до судиите и обвинителите да бидат уште посервилни кон Владата и да го штитат криминалот на Заев и на тие околу него. Ниту некој од Владата има намера да ги реши проблемите, ниту пак ќе ги реши. Единствено ги интересира заштитата на нивниот криминал, додаде Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.