Цел мандат на СДСМ им се базира на лаги и манипулации. Цели 3 години ги лажеа граѓаните на Центар, ги лажеа граѓаните на Скопје, манипулираа, ветуваа и на крај ништо од тоа не исполнија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
– Ветуваа дека ќе укинуваат дупови, ќе укинуваат градежни дозволи, ќе прават јавни анкети, а на крајот, испадна дека лажеле, на нивен бесрамен начин. Цели 3 години ги лажеа и подгреваа луѓето од Центар, од Ново Маало и останатите дека нема да се гради паркингот кај Холидеј Ин, за да изминативе денови, без грам срам пред граѓаните, излезат и издадат градежни дозволи. Ниту се случи ревизија, ниту укинување на дозволи, ниту ништо. Лага до лага цели три години. Три години држеа лажен мораториум и си ја префрлаа вината едни на други, Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте што не го данеле писмото, и тоа само за да купат политички поени кај граѓаните, за да сега пред избори се најдат во тесно и издадат градежни дозволи – вели Арсовски.
Тој додава дека Саша Богдановиќ и Петре Шилегов немаат ниту трошка срам, ниту пак кредибилитет понатака да бараат било каква доверба кај граѓаните, бидејќи ги излажаа на најдрзок начин дека нема да се гради кај Холидеј Ин и за на крај, сепак овде да никнат планираните според ДУП објекти.
– Очигледно е дека немале ниту план, немале ниту визија, ниту пак еден единствен проект изминативе 3 години и Богдановиќ и Петре Шилегов и единствено им беше важен личниот интерес целите овие три години, наспроти лагите кои ги пласираа кај граѓаните. Затоа, следните избори ќе бидат казнети градоначалниците на СДСМ, за нивните лаги и неисполнети лажни ветувања – вели Арсовски.