Арсовски: Владата е нестабилна и набрзо ќе падне, нејзините пропусти мора да бидат казнети

Институциите се тие коишто мора сега да реагираат и да ја расветлат мистеријата околу бегството на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) рече во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно” гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој се осврна на лошите владини политики, криминалните афери, како и околу актуелните случувања во врска со исчезнувањето на Сашо Мијалков.

Според Арсовски, во овој момент граѓаните тотално ја изгубија вербата во институциите, бидејќи се случуваат многу пропусти кои не смеат да се случуваат во една сериозна земја.

„Спасовски е директен виновник, бидејќи не само што не постапил согласно овластувањата и да го имаат посочениот на видик, тој соработувал и потпомогнал Мијалков да замине од државата, бидејќи неговиот шеф Заев е близок со тој човек“, оцени Арсовски.

Посочи дека актуелната владејачка гарнитура претставува синоним за криминал и корупција, како и синоним за матни зделки.

„Оваа Влада ќе мора да сноси одговорност после сите порази на сите можни планови, меѓу нив и овој, каде што се дозволуваат вакви чинови. Владиното мнозинство во овој момент е преслабо и се очекува да падне во секој миг, а потоа да се формира ново владино мнозинство, коешто уште во почетоците ќе мора да се соочи со овој нефункционален систем и да почне да постапува согласно законите и правилата, а не да се дозволи ваква каша од неправилности”, додаде Арсовски.

Според него, и без актуелниот скандалот со бегството на порашениот шеф на УБК, владејачката СДСМ и нејзниот лидер Зоран Заев покажале дека не заслужуваат никаква доверба и поддршка од граѓаните, бидејќи ја ничкосале државата и ја направиле за потсмев.

„На прво место им се криминалите, зделките и договорите со одредени политичари за да не одговараат за сопствените постапки. На сето тоа мора да му дојде крајот и секој да одговара за своите постапки, бидејќи само така ќе изградиме здраво општество во кое секој ќе размисли пред да направи било што, а не да се случуваат вакви работи како онаа синоќа и потоа никој да не се појавува пред народот и да не го известува за реалните случувања и да се задскрива случајот“, додаде Арсовски.