Арсовски: Во штабот на СДСМ се договара цената на струјата која што ја плаќаат граѓаните

-40.000 граѓани чувствуваат што значи власта на СДСМ да не им помогне на компаниите каде што работеле и останале без работа. Тоа се податоци кои што јавно статистички објавени, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски при своето гостување во емисијата „Само Вистина“.

Арсовски во текот на емисијата покажа слика каде што е забележан претседателот на Регулаторната Комисија, Бислимовски во штаб на СДСМ. Оваа слика е показател дека Регулаторната комисија не е непартиско, туку тоа тело е партиско и на Зоран Заев. Тоа тело се што работи го работи во корист и под диктат на Зоран Заев.

-Оваа слика е доволен доказ дека во штабот на СДСМ се договара цената на струјата која што ја плаќаат граѓаните, истакна Арсовски.

Арсовски додаде дека под итно треба Бислимовски да си даде оставка, бидејќи неговото место не е во штабот на СДСМ туку во Регулаторната комисија.