Отсуството на срам за сите случувања изминативе четири години во СДСМ и кај Зоран Заев, а вклучително и кај неговите протагонисти чии фотелји и бизниси зависат од власта на Заев е највисок чин на потврда дека Македонија е водена од мафија по теркот на јужноамериканските нарк- картели, истакна во саботата на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Посочи дека власта предводена од социјалдемократите на Заев ги крадела изборните процеси со гласање на секои четири секунди, потоа почнале да шверцуваат дрога преку државни органи и ресурси, за на крајот да киднапираат пратеници за да ја задржат власта преку која крадат, пустошат, малтретираат и го држат жив хибридниот режим и, како што нагласи Арсоски, за сето тоа виновен е премиерот Зоран Заев.
„Република Македонија е водена од нарко-картелот Заеви, и тоа веќе се потврди откако почнаа да киднапираат пратеници. Зоран Заев е лидер на нарко картел, а не на Влада. Најпрвин да се разбереме, граѓаните одлучија дека се против оваа Влада на локалните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ со 100.000 разлика го поразија расипничкото и мафијашко владеење на СДСМ. Зоран Заев и СДСМ се најголеми лузери и губитници на овие избори, каде што на површина излегоа сите нивни фекалии и криминалии. Целото ова претање, мачење и киднапирање од нивна страна, само го одложува нивниот пад, кој што повеќе се одложува, толку ќе биде поболен. Зоран Заев бидејќи е свесен дека е криминалец и народот бара да биде сменет, не им веруваше на сопствените пратеници и не ги пушти да влезат во собраниската сала и да го поддржат. Веќе не е во прашање политика, партија или кожата на криминалците од СДСМ и Заев, веќе е во прашање иднината на државата и иднината на граѓаните, која што ја уништија економски, ја опљачкаа и опустошија“, вели Арсовски.
Рече дека е очигледно дека „лузерот“ Заев е очаен и во агонија, кој поради тоа што е „киднапиран од сопствените криминални пориви, мора да киднапира како власт пратеник“ за на извесно време го одложи своето заминување од власта.
„Ако Зоран Заев ја киднапира СДСМ како партија и не сака да ја испорача оставката, народот е тој кој ќе му ја испорача оставката и ќе го прати во историја“, истакан Арсовски.
Се обрати до оние кои се сметаат за чесни функционери на СДСМ, порачувајќи дека е тажно да го браната „најголемиот крииминалец во историјата на Македонија“, алудирајќи на нивниот партиски шеф и премиер Заев, бидејќи со тоа го бранеле лриминалот, како и дека изразуваат согласност дека не треба да има одговорност за 14 изгорени пациенти во ковид-болницата во Тетово и се согласни со шверцот на дроги и со „хибридниот режим“, како што странските медиуми и организации ја рангираат земјата.
„За крај, одговорност мора да има и ќе има. Дали сега или понатака, одговорност мора да има. Што побрзо ја даде ветената оставка за изгубените избори, толку побрзо ќе ја ослободи државата неговите криминални пориви“, заклучи Арсовски.