Арсовски: Заевистан, кој сака нека честита!

Заевистан, кој сака нека честита, коментира Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ по изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Комисијата за заразни болести ќе предложи воведување на нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот.

-Време беше да почнат по дома да им влегуваат на луѓево и да ги казнуваат дома. Епа време беше!
Ама затоа никој не смее во “Аватар” дискотеката во Струмица да влезе и да ги казни.
Заевистан почитувани дами и господа,
Кој сака нека честита!, пишува Арсовски на Фејсбук.