Артета откри дека Венгер збеснал после катастрофата на Енфилд

Шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета е убеден дека предводникот на „топчиите“, Арсен Венгер никогаш не бил толку лут колку што бил лут после катастрифалниот пораз на гостувањето во Ливерпул.

Иако ја имаа фаворитската улога, фудбалерите на Арсенал последното гостување на “Енфилд” ќе го паметат по катастрофалниот пораз од 5:1.

„Бевме свесни, знаевме дека мораме под итно да ја подобриме нашата игра. Имавме голема негатива, примивме четри погодоци за само 19 минути. Имате чуство како да удирате со кола во ѕид. Венгер беше многу лут за време на паузата, но тоа е нешто нормално. Ни кажа дека таквата игра не му доликува на клуб каков што е Арсенал. Никогаш не сум го видел полут“, изјави искусниот играч за врска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.