Артуро Видал го раскина договорoт со Барса и оди во Интер

Триесет и тригодишниот чилеански фудбалски репрезентативец Артуро Видал го раскина договорот со Барселона, и кариерата во милански Интер објавија италијанските медиуми.

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, му порачал на Видал да си најде нов клуб и играчот договрно го раскина договорот со каталанскиот гигант, откажувајќи се од платата за послендата година од договорот.

Во Интер Видал ќе дојде како слободен играч, а со италијанскиот клуб би требало да потпише двогодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона. Чилеанецот во тимот на „Нераѕурите“ би требало да има годишна плата од шест милиони евра, а повторно ќе соработува со тренерот Антонио Конте, со кој одлично се разбираа во Јувентус.