Јас сум Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и јас своето име ниту името на моите членови не го продадов

Премиерот Зоран Заев сега ќе направи сѐ за да си ја спаси политичката кариера, тој требаше прво да го повлече својот актуелен градоначалник, господинот Петре Шилегов затоа што ги лажат безумно Скопјани во изминатите четири години со проекти коишто не постојат, истакна Данела Арсовска, водечка кандидатка пред вториот круг од изборите за градоначалник на Скопје,

Посочи дека двајцата споменати политичари изминатиот период не сработиле и ме им испорачиле ништо на изборачите, а сека од неа бараат да се повлече од изборабата трка.

„Јас сум искрен и чесен човек, јас сум човек што влезе во оваа трка знаејќи со што ќе се соочи. Кога дојде до таму премиер да се плаши од  жена, нека си размисли тој убаво и по понеделник нека си ја поднесе оставката”, истакна коментирајќи на новинарско прашање за изјавата на премиерот дека треба да се повлече од кандидатурата“, порача Арсовска.

Кандидатката поддржана од опозицијата потсети дека веќе поднела една тужба во врска со тврдењето на СДСМ за нејзиното наводно бугарско државјанство, но порача дека овојпат тужбеното барање ќе биде проследено за барање за надомест, а дека добиените средства, во што е убедена, ќе ги донира но не на политичка партија ,

“Треба да се срамат од тоа што го прават и јас веќе пуштив една тужба и сега овојпат нема да биде без надомест, сега тужбата ќе оди со надомест и има сите средства што ќе ги земам од сите овие безумни лаги од овие изминати неколку дена да ги донирам и тоа не на политичка партија, како што лажат, затоа што никогаш во својот живот нити сум била член на политичка партија, нити сум донирала на политичка партија, нити сум направила нешто погрешно.

Да сум направела нешто погрешно немаше да се кандидирам во трка каде што ќе ме напаѓаат вакви безобразни луѓе и луѓе кои лажат континуирано и истата мисла не можат да си ја задржат нити два дена откако ќе ја кажат. Затоа скопјани ве молам, доколку сакате човечност, поддржете човек за градот Скопје. Затоа што денеска јас веќе имам два непријателаи, овој кој што не направи нити водовод, нити канализација, нити го исчисти Скопје. Затоа што се кандидирам за градоначалник кој ќе го направи градот поубав, а не за премиер или за претседател, туку за некој кој Скопје сака да го врати на скопјани и скопјани да имаат поубава иднина.

Од друга страна, имам нов непријател кој денеска се пројави да каже дека има антидржавен елемент во мене. Вие ги продадовте нашите национални интереси. Јас сум Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и јас своето име нити името на моите членови не го продадов”, дополни Арсовска.

Независната кандадатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска негира дека има бугарско државјанство, но и дека некогаш се викала Даниела.

„Тие знаат да вадат слика од алманах каде некој ми го погрешил името, а не знаат да ми извадат слика од извод на родени. Луѓе ве молам, јас сум Данела Арсовска родена Македонка од Македонија, со дедо Дане, основно училиште учев во училиштето „Владо Тасевски“, средно училиште учев во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје. Цел живот живеам тука ги почитувам сите вери и сите религии. Сите луѓе од секоја националност, сум православен христијанин, меѓутоа имам пријатели од сите националности и верувам дека тие ќе знаат да го изберат она коешто во овој момент е подоброто решение од ова кое треба да си замине“, рече Арсовска.