Јас сум Лорета!

Насловот е цитат од култниот „Животот на Брајан“ на Монти Пајтон-овците, филм кој се потсмева на целата човекова извитоперена и шизоферена филозофија и поглед кон демократијата мнoгу повеќе одошто со светињите. Демократијата e клучниот збор, па дури и која како и во исто така култниот и многу посериозниот Blodd Simple на браќата Коен каде што прашањето е како сумарно и никогаш очигледно – што да се прави со демократијата?

Далеку од совршена, демократијата, спред мене дури и кога е лоша е подобра од најдобриот тоталитаризам и тука би имал трактати да напишам, но сепак постои систем каде Еден е главен и раководи со се’, но Него го одбивме, па и го распнавме, бидеејќи нели, Пилат изми раце и рече, еве ви демократски избор – и избравме.

Демократијата и нејзината поставеност без правила и уште помалку одговорност, неминовно носи кон некаква потреба на апсолутизам во слободата, ослободена од сите идеолошки стеги, но со радост да се предава на институции кои безпоговорни ги следни, наука и здравје па и партии но најомилени се енџиота, особено ако се од ала Сорос раководени јер, парата е сепак догма во губењето на слободата за демократија – читај конформизам, колективна недоговорност и аполсутна лична амнестија – правата на групата станаа поголеми од правата на поединецот. Наркоманот ја користи слободата и со неа слободно се дрогира, така? Но, иститот миг тој ја губи истата и станува роб на материја кога иако несвесна  – раководи со него. Каков онтолошки пад и промашување!!! Така и шарениве зависници од „демократијата“.

Шизофрено? Апсолутно!

Демократија неминовно ќе води кон сеопшта светска борба и секој кој не е со нив, ќе биде прогонет. И тоа веќе се случува, па ако треба и логори – конц или вакцинацинални и слични срања за да се купи, придобие и присили општа послушност. И не, не е Путин и Русија решение и света опозиција, напротив, она е само последица бидеејќи веќе нема избор. Маестрално е изманипулиран и воведен во војна каде е стигматизиран како Хитлер и затоа е тешко исфрустриран. Секако, проблем ли е да се жертвува уште една земја, Украина? Ситна боранија. Истите тие кои поддржуваа бомабрдирање на Југославија сега хистершат со анти-бомбардирачки восклици.

Шизфренија? Апослутно.

Но ете, сега повторно глумат праведници и вие не можете да излезете на крај со наци копилињата кои забрзано шијат жолти ленти за ракави.

Ете малку пролапав бурек на темата затоа што општествените умњаци, поради кариес, трулеж и загноеност се одамна извадени од вилицата на човештвото, па уште како поголемо понижување доаѓам јас паламудам за теми за кои се повикани. Ма бљак, знам, али јбг, демократија е, па некој како мене ќе филозофира!

Тригер број еден ми беше оној пливачон кој бил никој и ништо во машка конкуренција, па отишол на нотар и се декалрирал како жена и еве го сега мамицата ја расплакува, свецки шампињон у категоријата жени… лошо, а? Ха! А, зошто? Имено жените, особено феминистките, инсистираа и отров пљукаа дека сме исти, па еве исти сме. И? Се надевам некоја ќе се деклаира како маж и ќе ги натплива сите мушки? Не!?! Зошто? Туку знаете ли дека девојките – пливачки не се бунат против типов, освен само за фактот дека им сметало и ги вознемирувало што у собелкувална гол им се шетал, гол со калабастерот на изволте. Јадам пуканки и како да го гледам „Летот над Гнездото на Кукавицата“ во живо!

Јас сум Лорета,

…абе пророци мои монтипајтоновски, како да имаа времеплов и пред 40 години (мор-ор-лес) ја видоа секоја дебилштина со која ќе се поткачиме… така е, но тоа е?!

Да, демократијата кога еднаш ќе почне ќе забрзува и оди во недоглед, наскоро ќе гледате се поизвитоперени и пошизофрени одлуки и ако им се спортиставите ќе ве шиканираат. Кансел културата и неговите припадници се новите СС бригади кои во името на демократијата ќе ве прогонуваат. И тоа сериозно добро ќе ви го загорчат животот.

Не се наивни и многу лукаво делуваат. Имено пред некој ден владата најави дека ќе разгледува да може само декларативно, со промена во лична карта, секој да се произнесе како жена/маж т/е да си смени пол. Ех, се дигна се живо и диво, па дури и шарено. Владата ден потоа го повлече разгледувањето на предлогот. Еуфорија и триумфализам.

Аматери, бедни аматери!

Вакви пробни балони беа пуштани и за името и еве после пар децении е сменето. Така и со ова, нема победа, само на виделина излегоа ликовите и групите кои ќе се противат и каква ќе биде реториката, а со тоа се таргетирани за во иднина. Се истрчаа со оправдувања, секако разумни и рационални, и сега им дадоа доволно материјал да се развива идна стратегија како и преку кого ќе се спроведува, кој ќе биде канселиран и елиминиран. Ве работат како бавча – бидеејќи не за џабе прекарот му е Лукавиот.

Содома и Гомора?

Тоа биле најслободните и најдемократските градови. Но, апсолутната слобода, без морал, етика, одговорност и идеологија, неминовно еродира и се дисторзира, дегенерира, трулеее и се распаѓа, иако ним им се гледало сетоа тоа природно и најнормално, се сексале и венчавале со животни, оргии, перверзии, педофилии, некрофилии и секакви филии биле – ок. Буквално СЕ’ било дозволено – идеал? Како за кого. Ако си ментално пореметен, вај нот.

ИЗЛЕЗ?

НЕМА! Сори, но нема и нема да има, бар не од нас, луѓето. Човек не може да го разреши тоа, неминовен е тој пат кој ние го утабавме да води кон пропаст и пад на падот на падот на падот.  Но, има и фактор како во грчките трагедии – Деукс Екс Макина и КАБУМ! …оган од небото! Ене, вадите сол од Мртво Море и кај ида е ќе исплива како потопената црква во Мавровско Езеро и пак нема да разбереме, како што и тогаш не сме разбрале.

Се’ додека дебатираме и се расправаме, крајот е далеку, едноумието ќе биде првата труба? Ќе видиме, никој не знае, ама како и пролетта, чувствуваш, топол ветер, и знаеш дека промена доаѓа, само ова ќе биде најдолгата „општествена зима“ која човештвото ќе се обиде да ја преживее.

Тенкју енд фак ми!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес