Јас сум здрав и сакам дома! Извика петгодишниот Сухејб и ја напушти Детска клиника (ВИДЕО)

По девет месеци хемотерапија, херој на денот е петгодишниот Сухејб, кој заѕвони на ѕвоното во Клиниката за детски болести, и си замина дома.

Тој доби аплауз од целиот персонал, од министерот Венко Филипче и од директроката на Клиниката, Аспазија Софијанова.

– Јас сум здрав и сакам дома! Вака извика петгодишниот Сухејб кој после 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за детски болести. За овој херој денес аплаудиравме со директорката Аспазија Софијанова и целиот тим. Голем да растеш, Сухејб! – напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.