Асад најавува многу претседателски кандидати на изборите во Сирија во 2021 година

Сирискиот претседател Башар ал-Асад вели дека сириските претседателски избори во 2021 година ќе бидат отворени за сите кои сакаат да се кандидираат и дека најверојатно ќе има многу кандидати за оваа функција.

Во интервју за руската телевизија „Раша Тудеј“ (РТ) Асад потсети дека на изборите во 2014 година се соочил со двајца предизвикувачи кои ги победил, но дека тоа неговите противници го отфрлија како „шарада“.

-Минатиот пат бевме тројца претседателски кандидати, а овој пат секако ќе имаме толку колку што ќе сакаат да се номинираат. Ќе има многу кандидати, рече Асад, пренесен од британските медиуми.