Асад: Ќе употребам сила ако американските и турските војници не ја напуштат Сирија

Сириските власти ќе употребат сила доколку американските и турските војници не ја напуштат територијата на земјата, изјави сирискиот претседател Башар Асад.

– Национална и уставна должност на државата е да поддржи секаков отпор против окупатори. Убеден сум дека ќе дојде време кога никој нема да застане на страна на окупаторите. Народот ќе се побуни против американската окупација. И тие (Американците) нема да можат да останат, ниту за нафтата, ниту за поддршка на терористи како Исламска држава, ниту за што било друго, истакна Асад.

Тој нагласи дека истото се однесува и за Турците.

– Не ги забораваме Турците, кои го окупираа северниот дел на сириската територија. Ако тие не заминат по пат на политички преговори, тогаш ќе наредам да бидат протерани со сила. И ние ќе го направиме тоа. Тоа е наша национална должност како Сиријци, додаде Асад.