Асанаж пренесен во затворска болница

Основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж, е префрлен во меедиционскиот оддел на британскиот затвор Белмарш, а неговата организација изрази сериозна загриженоста во врска со неговото здравје.

Од WikiLeaks истакнуваат дека состојбата на Асанж значително се влошила по седум години кои ги мина во амбасадата на Еквадор во Лондон во услови „неспоиви со основните човекови права“.

Според адвокатот на австралискиот новинар Пер Самуелсон, минатиот петок Асанж се чувствувал така што „со него беше невозможно да се води нормален разговор“.

„Во текот на седумте седмици во Белмарш неговото здравје продолжи да се влошува, тој многу ослабе. Одлуката на затворските власти да го преместат во медицинскиот одделение зборува самата за себе“, додаваат од WikiLeaks.

Едно до редовните сослушувања во врска со екстрадицијата на Асанж треба да се спроведе во четврток во Магистратскиот суд во лондонскиот округ Вестминстер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.