Асанж и вереницата денес ќе се венчаат во затвор

Коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж и неговата свршеница Стела Морис, која е и негова адвокатка, денеска ќе се венчаат во затворот Белмарш во Лондон.

Поддржувачите на Асанж ќе се соберат пред затворот за да ја прослават венчавката. Потсетуваме дека тој беше уапсен во 2019 година во Амбасадата на Еквадор. Тој се бори за екстрадиција во САД. Го бараат бидејќи Викиликс објави стотици илјади документи за војните во Авганистан и Ирак.

На свадбената церемонија ќе можат да присуствуваат само четворица гости и кумови, кои веднаш по потпишувањето на документите од младенците ќе мора да го напуштат затворот.

„Џулијан е среќен што конечно ќе успееме да се венчаме. Со месеци чекаме да ни биде одобрено барањето“, изјавила неговата свршеница Морис.

Вработените во затворот ќе ги фотографираат младенците. Но, можат да се откажат од фотографирање доколку проценат дека материјалот ќе биде јавно објавен бидејќи би ја загрозил безбедноста на институцијата.

Асанж и Морис ќе ги платат трошоците за свадбата. Тие имаат два сина, четиригодишниот Габриел и тригодишниот Макс.

Двојката побара од приврзаниците наместо подароци низ градот да закачат убави постери, барајќи Асанж да биде ослободен.