Асен Василев: Не сум слушнал Бугарија да се подготвува да го укине ветото

Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за БТВ изјави дека не слушнал дека неговата земја се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев беше дециден дека бугарскиот премиер Кирил Петков на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц беше сосема јасен дека додека не се исполнат сите услови од бугарскиот парламент и додека Националното собрание не одлучи дека овие услови се исполнети, нема начин Бугарија да го укине ветото.

Василев рече дека постојано се водат разговори за Северна Македонија. Тој коментира дека во Европа се зборува дека не станува проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу ЕУ и Северна Македонија.

Кога ЕУ ќе ја сфати бугарската позиција и тоа ќе стане европски предлог до Северна Македонија, тогаш веќе би можеле да започнат вистински разговори. Сето тоа мора да го оцени бугарскиот парламент, беше категоричен бугарскиот вицепремиер Асен Василев.

„Продолжуваме со промената“ нема да бара гласање за доверба од бугарското народно собрание. Тој рече дека покани до министрите во заминување на „Има таков народ“ да останат во владата на премиерот Кирил Петков не биле упатени, но тој лично добро соработувал со двајца од нив за спорт и енергетиката Радостин Василев и Александар Николов.

„Има таков народ“ мора да одлучи, според Василев, кому сака да биде лојален – на политиката на борба против корупцијата или на лидер кој е отцепен од реалноста.

Василев рече и дека владејачката партија во Бугарија „Продолжуваме со промената“ не се плаши од нови предвремени парламентарни избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.