Асфалтирана улицата „Белградска“ во штипската населба Дузлак

Вчера во населба Дузлак беше асфалтирана улицата „Белградска“. Станува збор за инвестиција вредна 700.000 денари,во должина од 300 метри а реализирана преку тендерска постапка од страна на операторот „Коле транс“.

„Ова е 14-ти проект на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, кога е во прашање локална и регионална патна мрежа. Овде не застануваме, веќе следниот период следи замена на коцката на улица „Панче Караѓозов“, асфалтирање на улицата „Питу Гули“, како и асфалтирање на неколку помали улици во населбата Баби,“ изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност на штипскиот нградоначалник.

Асфалтирањето на улици е приоритет за градоначалникот Захариев, имајќи во предвид дека голем дел од штипските улици имаат итна потреба од санација. Оваа година ќе се работи фазно и на улицата „Вардарска“, „Вита Поп-Јорданова“ и „Христијан Карпош“. Инаку вчера беше асфалтиран и пристапот до Дом на млади како и паркинг просторот зад оваа институција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.