Јасна победа на владеачката Демократска партија во Јужна Кореја

epa08364517 Election officials during vote counting at a ballot counting station after voting in the general elections was closed, in Seoul, South Korea, 15 April 2020. South Korea on 15 April held the general elections, amid the coronavirus pandemic, to choose 300 lawmakers for the country's National Assembly. EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Јужнокорејските гласачи во големо мнозинство и ги дадоа своите гласови на владеачката Демократска партија, покажуваат резултатите по речиси целосно преброените гласачки ливчиња од вчерашните парламентарни избори, јави ДПА.

Според првичните резултати, Демократската партија на либералниот претседател Мун Џае-ин и нејзините сателитски партии речиси сигурно ќе обезбедат 180 места за комотно мнозинство во Националното собрание што бори 300 пратенички места.

Опозициската конзервативна партија „Обединета иднина“  (УФП) и нејзината помала сестринска партија освоија 103 места, но резултатот се уште не е потврден.

Државната изборна комисија излезе со податокот дека излезноста била 66 отсто, највисока во оваа четврта азиска економија во последните 28 години.

Демократската партија се чини профитираше на изборите заради начинот на кој се справува со пандемијата на коронавирусот, оценува германската агенција.

Анкетите за јавното мнение пред гласањето посочуваа дека мнозинството од населението верува дека владата добро ја контролира појавата на коронавирусот, а екстензивното тестирање ја направи Јужна Кореја модел за други земји во справувањето со пандемијата, пренесе ДПА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.