Јасно е дека СДСМ цело време кажува лаги, а ВМРО-ДПМНЕ ја говори вистината

е што кажува Заев се порекнува, се демантира и излегува сосема спротивно од кажаното. Времето ги потврдува нашите тези, она што ние го зборувавме. Се покажа дека СДСМ цело време лаже, а дека ВМРО ја говори вистината, пишува Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве и зошто:

1. Се сеќавате кога велевме дека СЈО го нарушува системот на субординација и хиерархија на обвинителството, дека е политичко инструирано и дека треба да влезе во рамки на обвинителството, а СДСМ велеше дека не е така. Еве сега, гледаме дека СДСМ не само што го “предлага” она што ние го кажувавме одмана, туку и го вметнува СЈО “на диво” во рамките на ОЈО.

2. Се сеќавате кога велевме дека Катица Јанева не е соодветна личност за да донесе правда, дека е политичка алатка на СДСМ, дека има сомненија за нејзин криминал и криминал на останатите вработени во СЈО, а СДСМ велеше дека Катица е жена со интегритет, дека е чесна, дека Заев стоел позади “габаритот” на Катица како некаква гаранција дека е чесна, но еве гледаме каков е кредибилитетот на осомничениот притвореник Катица. Рекет од 8 милиони евра, притватизирано СЈО како метод за постигнување на политички цели наместо правда и пресметка со опозицијата. Значи, пак испадна дека она што ние го зборувавме е вистина.

3. Се сеќавате како велеше Заев дека ќе се дознаела вистината за Смилковско. Три години потоа испаѓа дека Заев ги лажел родителите на убиените деца и боли таа тажна слика на родителите кои се заглавени во судските лавиринти, а убијците на 4 малолетни деца и еден недолжен рибар се на слобода.

4. Предупредувавме дека бомбите се продаваат на пазарчиња, дека се небезбедни, дека со нив се тргува, се нарушуваат животи, а Зоран Заев и Катица ни кажуваа како бомбите се држеле во сеф на сигурно, сигурно се сеќавате и на оние драми пред три години па каков бил сефот, дали пристигнал. Но гледаме дека со бомбите располагал секој братучед, секое дете на функционер на СДСМ, вработен во СЈО, дека фактички тие биле средство за ниски страсти и воајеризам на овие од СДСМ. Испадна дека ние ја говориме вистината.

5. Се сеќавате кога велевме пред една година дека владата не работи, нема реформи и дека е тешко да добиеме датум со таква корумпирана влада, а како Заев не убедуваше дека ќе има датум за преговори минатата година? Еве година и половина подоцна и датум сеуште нема.

6. Нели Заев викаше дека ќе процветала државата откако ќе се решело името, а видовме како го реши со капитулација, година и половина потоа Македонија тапка во место, во криминал и корупција, скандал до скандал.

7. Нели Заев викаше дека со Бугарија сме ги затвориле клучните прашања. Еве гледаме дека ништо не е решено, а работите стануваат се позамрсени.

8. Нели Заев велеше дека има двотретинско мнозинство за законот за обвинителство, а ние викавме дека нема мнозинство, или кратко кажано во неговиот стил “мало морген”. Ене го, го гледаме како го крши секој закон во државата само за да ги спаси обвинителите од криминализираното СЈО.

9. Заев велеше ќе има 600 километри автопат, ние велевме дека е физички невозможно. Еве после три години гледаме дека еден метар автопат немаат изградено, кажуваа дека ќе има 500 евра просечна плата, дека ќе има нов клинички и за се излажаа. Велеа дека ќе ја гасифицираат Македонија, а домаќинствата се далеку од гас, вели Јанушев и додава:

„Се што рекоа се порекнаа, ретерираа, излажаа. Времето ги потврди сите наши тези, целиот наш наратив, целата вистина. И затоа и сега велиме, Заев паѓа, тој е на колена, исплашен, а му викаат да биде гласен, сега е нервозен, иако го учат да биде смирен. Сега е веќе поразен, а му викаат да биде побрутален во неправдите. Гледаме како неговата “кичма” не да е подвиткана, туку покажува редок феномен дека воопшто нема кичма“.