Јасно е дека Заев ги давал „бомбите“ на кого стигне и сега служат за уцена

Се потврди дека нелегално стекнатите аудио записи кои ги имаше Зоран Заев за илјадници граѓани, Зоран Заев ги давал на кого стигне, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Зоран Заев вчера ја потврди автентичноста на разговорите кои граѓаните имаа можност да ги чујат деновиве каде што го пцуе сопствениот народ, но и јавно потврдува дека „бомбите“ ги имале повеќе луѓе со сомнителен бекграунд. Јасно е како бел ден дека разговорите во моментов може да ги поседува било кој и да уценува било кого, само затоа што Зоран Заев тие истите разговори ги давал и пристап до нив и луѓе кои што претходно биле обвинети за криминал како на пример Захир Беќири Чауш, партиски близок човек на Зоран Заев инаку обвинет за фалсификување патни исправи. Каде што заедно со него селектирале што да се објавува во медиумите – рече Арсовски.

Тој нагласи дека Заев дал десетици илјади приватни разговори од граѓани во рацете на разни луѓе кои денес може да тргуваат, уценуваат и изнудуваат пари од граѓани и бизнисмени кои што ги има на снимките.

– Впрочем, тоа го правеше Зоран Заев најпрвин преку СЈО, а сега гледаме дека и многу други луѓе ги поседуваат и имаат пристап до бомбите на Зоран Заев. Тоа и самиот Заев го потврди на онаа „бомба“ која што беше објавена во медиумите од пред неколку денови. Сега веќе е јасно дека не се предадени сите разговори во институциите, ниту пак дека ги поседувал само еден човек. Овие аудио „бомби“ веќе се предмет на тргување на таканаречениот црн пазар и може било кој да тргува и да ги купи – додаде Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.