Јасно е дека Заев во преговорите со Бугарија го распродава идентитетот

Она што е јасно, а што македонската јавност може да го види е фактот дека се распродава македонскиот идентитет и ние тоа го зборуваме уште од октомври, дека на маса се услови коишто немаат никаква врска со претходно потпишаниот договор за пријателство, рече меѓу другот во средата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски одговрајаќи на новинарско прашање во врска со преговорите со Бугарија и барањата од Софија за овозможување Македонија да го добие датумот за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија.

Станува збор за услови коишто директно претставуваат негирање на македонскиот идентитет, рече Мицкоски одговарајќи на прашањето за ставот на ВМРО-ДПМНЕ по најновата изјава на пефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариевам, со која прредупреди дека Македонија не треба да се надева на „подобри работи“  по изборите во Бугарија.

„Од октомври, кога првпат на македонската јавност ѝ соопштивме дека практично се преговара за нешто што не е дел од договорот па до денес, цело време сето тоа кое што го тврдевме беше негирано од страна на Владата, од (министерот за надворешни работи Бујар) Османи, од (премиерот Зоран) Заев, од (вицепремиерот за европски прашање Никола) Димитров и од другите, но гледаме дека таков документ постои наречете го нон пејпер наречете го ‘роунд мап’ или патоказ или наречете го анекс или наречете го како сакате, но фактот е еден дека станува збор за документ во којшто се дефинирани нови услови коишто ние треба да ги прифатиме“, рече Мицкоски.

Истакна дека во овој процес најмногу зачудува тоа што политичари и меѓувладини комисии дискутираат за бизниси , за железници, за автопатишта, за  телекомуникации, за банки и тн и оти дури дополнително се дискутира за македонскиот национален идентитет.

„Секој политичар кој денеска ви вели и ви дава одговор дека не се дискутира за тоа –  лаже и манипулира со македонската јавност. Да, на маса покрај бизнисот, што е за мене несфатливо како политичар, е и македонскиот идентитет. Ја повикувам владата ги повикувам и Заев и Османи и Димитров да го покажат документот со 12 точки. Македонската јавност не ги гласаше и на оние наместени, украдени мафијашки избори на 15-ти јули за да тие си играат со иднината на граѓаните и со иднината на македонскиот идентитет“, посочи Мицкоски.

На Македонија ѝ е потребна конструктивна власт, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и ги повика споменатит политичари од власта „на разум“ веднаш да излезат со документот и да ѝ го презентираат на јавноста

„… Да се охрабрат на дебатата во парламентот којшто ја организира пратеникот (Антонијо) Милошоски и да се појават и да дискутираат пред пратениците и пред македонската јавност. Доколку нема што да кријат, доколку не распродаваат тогаш ајде господа охрабрете се излезете пред македонската јавност и отворете ги картите. Доста е криење, доста е лажење, доста е манипулирање“, заклучи Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.