Апсењата на Јанакиески и Божиновски се порака на заплашување кон другите

Без ниту еден аргумент, Обвинителството определи мерка притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и за поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски обвинети во случајот „Титаник“, рече нивниот адвокат Еленко Миланов во „Отворено“ на Алфа во понеделникот, оценувајќи дека со тоа се испраќа порака на заплашување кон другите лциа против кои Специјалното јавно обвинителство води постапки или подигна обвиненија.

„Не постоеше ниту еден момент со кој би се потврдило дека од сите други мерки кои се определени истите не биле почитувани од Јанакиески и Божиновски“, смета адвокатот на сега притворените.

Миланов вели, со мерките за претпазливост кои им беа определени, одземање на патната исправа и редовно јавување на закажаните рочишта, нивното присуство беше обезбедено во последните 16 месеци без ниту едно отсуство. Јанакиески, вели неговиот адвокат, секојдневно е во судовите на различни судења.

Јанакиески и Божиновски беа експресно притворени по неполни 24 часа, откако, поранешниот премиер Никола Груевски информираше дека ја напуштил државата и се наоѓа во Будимпешта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.