Астероид со димензии на фудбалско игралиште се приближува кон Земјата, предупреди NASA

Следната седмица на Земјата ќе ѝ се приближи астериодот 2009 PQ1 со размер од 84 до 190 метри, што е споредливо со фудбалско игралиште, се наведува на интернет страницата на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Астероидот ќе биде најблуски до Земјата на 5-ти август, кога ќе пролета на растојание од 3,2 милиони километри, со брзина од 13,4 километри во секунда.

Како што се забележува во објавата, минималното растојание до кое вселенското тело ќе ѝ се добилижи на нашата планета е седум пати поголемо од растојанието меѓу Земјата и Месечината. Максималото доближување ќе биде во 18,35 часот помакедпонско време.

Астероидот е откриен на 14-ти август 2009 година. Припаѓа на групата Аполони, односно оние чиишто патеки на летот ја пресекуваат орбитата на Земјата. Астероидот 2009 PQ1 следен пат ќе се приближи до нашата планета во 2137 година.

Научниците, како и во други случаи, велат дека и покрај тоа што ваквото растојание се чини неверојатно големо, тоа е мало за космичките размери, а судир на астероид од таа големината со Земјата може да доведе до катастрофални последици.

За да влезе на листата PHA (Potentially hazardous asteroids), небеското тело мора да се приближи на Земјата на растојание од најмалку 8 милиони километри и да биде доволно големо за да не се распадне при минување низ атмосфрата и да предизвика катастрофа со најмалку регионални димензии.

На 20-ти јули порталот Israeli News Live објави дека голем астероид може да падне на Земјата, за што знаат во американски Пентагон. Според извештаите во медиумите, министерството за одбрана на САД има информации за падот на вселенскиот објект и презема соодветни мерки.

Претходно беше објавено дека потенцијално опасен астероид ѝ се приближува на Земјата, и оти на најблиското растојание до Земјата ќе се најде во септември годинава. Според информациите на NASA, астеродиот наречен 2011, има дијаметар од 49 метри, а се движи со брзина од околу 30.000 километри на час.

Астероидите кои се класифицираат како „потенцијално опасни“, кога минуват покрај Земјата на растојание помало од 0,05 астрономски единици, или 7,5 милиони километри. Порано NASA објави дека во следните сто години веројатноста на судир на Земјата со кој и да е од познатите астероиди е рамна речиси на нула.

На врвот на листата на потенцијалните закани од удар во планетава е астероидот 2010RF12. Научнциите претпоставуваат дека опасното приближување на овој објект на Земјата ќе се случи во 2095 година. Веројатноста за судир се проценува на 1 наспроти 16.