Астероид со големина на стадион се приближува кон Земјата

Астероид со големина на фудбалско игралиште ќе ѝ се приближи на Земјата денеска, соопшти истражувачкиот центар на НАСА – ЈПЛ (Лабораторија за млазен погон).

Се проценува дека астероидот 2020 Икс-ју-6, со дијаметар од околу 213 метри ќе ѝ се приближи на планетата на растојание од околу четири милиони километри.

На 22 февруари, се очекува да минат уште два астероиди – 2020 БВ-9, со ширина од 23 метри и 2021 ЦЦ-5, со дијаметар од 40 метри, на растојание од околу 6,9 милиони километри во близина на нашата планета.