14.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Ристова Астеруд ја прекори сопартијката Шекеринска: Во голема грешка си

Фотографијата со обележјата на терористичката ОНА која е одговорна за нападите врз македонските безбедносни сили и смртта на десетици нејзини припадници во 2001 година со цел да се измени уставниот поредок на Република Македонија, направена во кабинетот на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, Шекеринска ја оправда со тоа што овој период од дамна е изминат. Тоа предизвика нова реакција во јавноста, меѓу кои впечатлива е онаа на Ристова Астеруд.

„Не, Радмила, во голема грешка си, и треба да ги признаеш, и грешката, и повредата. Главната поента не е дали воената криза од 2001 е далеку за нас (?!), ама кога веќе ја користиш за поентирање, да потсетам дека во период пост-воена криза, за залекувањето на раните и за помирувањето, треба многу такт и обзирност, двонасочно, па и повеќенасочно во нашево општество, и тоа децении и децении подоцна, дотолку повеќе што има загинати и жртви на воени злосторства и злосторства против човештвото“ ѝ пишува на министерката за одбрана Радмила Шекеринска поранешната пратеничка, Каролина Ристова Астеруд.