Џастин Бибер откри дека се бори со многу опасна болест

Младата канадска пејачка ѕвезда Џастин Бибер на својот профил на Instagram откри дека му е дијагностицирана опасната Лајмска болест.

Дваесет и петгодишниот пејач во пораката пишува дека му била дијагостицирана бактериска инфекција и оти тоа било пред неколку години. Сепак, Бибер на своите 124 милиони следбеници им ветува дека „ќе се врати и подобар од кога било“.

„Многумина зборуваа дека Џастин Бибер изгледа лошо, дека е на метамфетамини, но тие не можеа да сфатат дека неодамна ми беше дијагностицирана Лајмската болест, и не само тоа, туку и сериозен случај на хронична мононуклезоа, што влијаеше на мојата кожа, функционирњето на мозокот, енергијата и воопшто здравјето“, пишува Бибер.

Лајмската болест може да предизвика голем број симптоми на слабост, од замор и болка во зглобовите до проблеми со срцето и делумна парализа.

Пејачот наведува дека сето тоа ќе биде појаснето подоцна во документарната серија коајшто наскоро ќе биде поставена на YouTube и „ќе можете да сфатите со сѐ што се борев и го надминувам!“. Бибер минатиот месец откри дека треба да глуми во документарен серијал кој ќе им овозможи на обожавателите увид во изработката на неговиот прв албум по повеќе од четири години.

Бибер наведува дека морал да мине тешки две години, но оти благодарение на правилниот третман на „сѐ уште неизлечивата болест“ тој закрепнува и ќе може повторно да настапува.

Од лајмаскта болест своевремено страдаше и сонародничката на Бибер, Аврил Лавињ. Според пејачката, таа неколку години минала дома, борејќи се со оваа болест и наоѓајќи се, како што чувствувала, на границата меѓу животот и смртта.

Оваа болест последниве години погоди бројни славни личности,. Во 2015 година беше откриено дека том-моделот Бела Хадид била погодена од заболувањето, истата година кога било дијагностцирано и кај Лавињ. Во 2016 година актерто Крис Кристоферсон откри дека губењето на меморијата од кое страдепе, се должи на оваа болест.

Лајмската болест е заразно заболување предизвикано од пет видови бактерии, кои се пренесуваат преку каснување од крлежи. Болеста има широк спектар на клинички манифестирања, меѓу кои, треска, главоболки, замор и осипување на кожата. Во некои случаи страдаат ткивата во зглобовите, срцето, нервниот систем и очите. Болеста може да има смртен исход или да резултира со инвалидитет доколку ненавремено или несоодветно се лекува.