Џастин Бибер поради здравствени проблеми ја прекина светската турнеја

Пејач Џастин Бибер објави дека привремено ја прекинува веќе претходно одложуваната светска турнеја под насловот „Justice World Tour“ поради здравствени проблеми.

Музичарот на Instagram напиша дека шесте настапи во живо, кои ги одработи откако претходно годинава му беше дијагностициран синдромот Ремзи-Хант „си го земале данокот“.

„Изминатиот викенд настапував на музичкиот фестивал Rock In Rio и им дадов максимум на луѓето во Бразил“, напиша Бибер, додавајќи дека „исцрпеноста го дотолчила“.

Откако се советувал со своите лекари, челновите на семејството и соработниците од екипата, пејачот ги известува обожавателите дека здравјето му е приоритет наспроти турнејата.

„Сега ќе направам пауза од турнејата. Ќе бидам добро, но потребно ми е време да се одморам и оздравам“, пишува уште Бибер заблагодарувајќи им се на обожавателите на поддршката и молитвите кои му ги упатиле и им порача „Сите многу ве сакам!“.

Турнејата на Бибер веќе беше одложувана претходно годинава, бидејќи пејачот и членови од неговиот тим беа позитивни на Covid-19, поради што светската турнеја конечно започна во март. Во нејзините рамки до март 2023 година има закажано 70 концерти во Јужна Америка, Азија, Австралија, Нов Зеланд и Еропа.

Бибер на објави кога би можел да се врати на сцената, а ниту неговите публицисти за медиумите сѐ уште не одговориле да објават поединости.

Во јуни Џастин Бибер откри дека му е дијагностициран синдромот Ремзи-Хант кој се карактеризира со парализа на едната страна на лицето. Поради закрепнувањето беше принуден да ги откаже настапите на неодредено време. Тогаш објави видеоснимка на Instagram на којашто се гледаше дека едната страна од лицата му е парализирана, но на обожавателите им порача дека само му е потребно време да закрепне.

Канадско-американскиот пејач Џастин Бибер стана поп-ѕвезда на само 13 години со серијата нумери од кои некои му ја донесоа глобалната слава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.