Џастин Бибер во фокусот на спорот на Саудиска Арабија и борците за човекови права

61

Иако тоа веројатно не го очекуваше, канадскиот поп-пејач Џастин Бибер се најде во центарот на идеолошкиот спор меѓу Саудиска Арабија и активистите за човекови права кој би можел да трае со години.

Одлуката на поп-ѕвездата да настапи на неделава трка во класата Формула 1 за Големата награда на Саудиска Арабија несомнено е вносна, но и го чини прозивки од активистите кои бараат да го октаже настапот во знак на протест против кршењето на човековите права во оваа сунитска блискоисточна монархија.

Бибер би требало да настапи пред илјадници луѓе на шоуто по неделната трка во Џеда. Меѓу изведувачите се уште и францускиот диџеј Давид Гета и американскиот пејач Џејсон Деруло.

Критиките на сметка на концертот се продолжение на сличните реакции врз други големи настани во Саудиска Арабија која настојува да го ублажи својот ултраконзервативен имиџ и диверзифицира стопанството кое се потпира на нафта.

Најгласна во повиците до Бибер да го откаженастапот е Хатиџе Ченгиз, веренициата на Џамал Кашоги, саудискиот новинар кој беше масакриран во декември 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул, што ја згрози меѓународната заедница.

„Ова е единствена можност на светот да му испратите можност вашето име и талент нема да се користат за ‘пеглање’ на реномето на режимот кој ги убива своите критичари“, му порача Ченгиз на Бибер преку написот во The Washington Post за кој пишуваше Кашоги откако во 2016 година пребега во САД.

Кампањата против неговиот настап привлече големо внимание. На Twitter се прошири хаштагот #WTFJustin, а авион со транспатентот „Зошто Бибер пее за саудиските убијци?“ леташе во ноември над местото на коешто се доделуваат американските музички награди во Лос Анџелес.

Бибер сѐ уште не се огласи, но до светскиот првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон и другите возачи, кои сѐ повеќе се прозивани на социјалните мрежи, се очекува дека нема да останат воздржани на кршењето на човековите права во Саудиска Арабија.

 

Историјата не може да се избрише

Саудиската монархија спроведе реформи, им дозволи на жените да возат автомобили, но справувањето со политичките неистомисленици, отфлрањето на ЛГБТИ заедницата и големиот број погубувања најчесто и без вистински судски процес, го предизвикуваат гневот на активистите за човекови права.

„Можеби се чини дека Џастин Бибер и публиката се собират за да го слушнат како пее. Но во стварноста некои комплексни прашања се во заднината на она што се случува во Саудиска Арабија овој викенд, вклучително и кој таму пее и кој таму вози“, вело професорот Симон Шадвик, стручњак за спортска индустрија во деловната школа Емилион во Лион.

Другите домаќини на трките на Формула 1, меѓу кои се Азербејџан, Бакреин, Кина и Унагарија, се обвинети за „спортвошинг’, односно користење на спортот за одвраќање на вниманието од обвинувањата за злоставување, а таквата дискустија особено се вжешти по прашањето на Саудиска Арабија, делумно и поради убиството на Кашоги.

Саудијците „не можат да ја избришат историјата“ која станува збор за тоа убиство, вели Џејмс Дорси, виш соработник при Истражувачкиот институт во Сингапур. Наместо Ријад да ги прифати критиките и да одговори на нив, Дорси очекува дека ќе продолжи да го користи своето големо нафтено богатство за да ги привлече спортската индустрија и славните личности.

„Во основа ќе ви нудат толку што нема да можете да одбиете“, вели Дорси.

Шадвик семта дека Саудијците ќе ги отфрлат обвинувањата за „спортвошинг“ и оти ќе тврдат дека го користат спортот за диверзифицирање на економијата и создвањер „позитивни општествени промени“.

Принцот Халид бин Султан ал-Фејсал, поретседател на саудиската автомобилска и мотоциклистичка федерација, изјави дека челниците на Саудиска Арабија и нејзинито народ се нивната најдобра реклама, а не Џастин Бибер.

„Оној што го гланца имиџот на кралството не е пејачот, туку неговото водство и народот“, изјави за AFP ал-Фејсал претходно седмицава во Џеда.

 

Тој е само пејач

Шадвик тврди дека настапот на Бибер станач централната точка и за двете страни.

„Она што многумина го правата е претворањето на Џастин Бибер во геополитичко оружје. Во основа го прават нешто што тој не е. Тој е само пејач кој пее пред публика“, вели Шадвик.

Бибер од една страна поради одењето во Саудиска Арабија „остро го осудуваа либералите“, но истовремено „дококку не отиде таму, оние од Заливските и другите земји би можело да го доживеат како своевиден либерален идеолог кој се противи на она што се случува во овие земји“, додава аналитичарот.

Според Дорси, пак, битката меѓу Саудиска Арабија и нејзините критичари ќе продолжи уште долго по трката во Формула 1 и заминувањето на Бибед и Гета.

„Во крајна линија сметам дека ова е прашање кој може подолго да го задржи здивот. Поинаку кажано, можат ли Саудијците да издражт додека оние што притестираат не се заморат“, додава Дорси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.