Астон Вила остана во Премиер, Јунајтед и Челзи во ЛШ

368

Фудбалерите на Астон Вила со ремито 1:1 на гостувањето кај Вест Хем и победата на Арсенал од 3:2 против Вотфорд во последното коло го обезбедија опстанокот во англиската Премиер лига, додека великаните Манчестер Јунајтед и Челзи со победите од 2:0 над Лестер односно Вулверхемптон обезбедија пласман во Лигата на шампионите.

Борбата за опстанок беше помалку драматична, бидејќи Арсенал веќе по 33 минута имаше водство од 3:0 на „Емирејтс“ против Вотфорд со головите на Пјерк-Емерик Обамејанг од пенал во 5 и од игра во 33 минута, а во 24 минута погоди и Тирни. Вотфорд успеа до полувремето да намали од пеналот кој во 43 минута го реализираше Дини, а Велбек во 66 минута им донесе надежи на гостите за можен пресврт кој ќе им осигураше останување во Премиер лигата.

Астон Вила поведе во 84 минута со голот на Грилих на „Олимпискиот стадион“ во Лондон, но веќе во следната минута израмни Јармоленко, кога по неговиот удар топката се одби од Грилих и во чуден лак го мина голманот Пепе Рејна. Но овие 1:1 му беа доволни на некогашниот европски шампион да остане во лигата.

Евентуалниот пораз на Астон Вила во Премиер ќе го оставеше Борнмут кој со 3:1 славеше кај неамбициозниот Еверетон. Сепак, со бод помалку Борнмут го освои 18-то место и следната сезона заедно со Вотфорд и Норич ќе игра во Чемпионшип.

Манчестер Јунајтед и Лестер Сити во директен дуел на стадионот „Кинг Пауер“ решаваа за место во Лигата на шампионите. И покрај играњето на својот терен„Лисиците“ останаа без елитното натпреварување. „Црвените ѓаволи“ поведоа од пенал во 70 минута преку Бруно Фернандеш, а во осмата минута од судиското продолжение погоди Џеси Лињард, откако му ја украде топката на домашниот голман Каспер Шмајкл.

Во редовите на домашните, пак, каква таква причина за славење имаше Џејми Варди кој сезоната ја заврши со 23 погодока, на врвот на листата на стрелците во Премиер, оставајќи ги зад себе Пјер-Емерик Обамејанг и Дени Ингс од Саутемптон со по 22 гола. Варди со 33 години стана и еден од највозрасните голгетери во Англија, по напаѓачот на Арсенал Рони Рук кој во сезоната 1947/48 на 37-годишна возраст бил најдобар стрелец во првенството со 33 погодока.

Челиз Лигта на шампионите ја избори совладувајќи го на „Стемфорд Бриџ’ Вулверхемптон со 2:0, со голивте на Моунт и Жиру во судиското продолжение на првото полувреме.

Вулверхемтон со овој пораз остана без излез во Европа, бидејќи остана на 59 бодови, колку собра и Тотенхем кој одигра 1:1 на гостувањето кај Кристал Палас, па поради подобрата гол-разлика го освои шестото место кое води во квалификациите за Лига Европа.

Шампионот Ливерпул со 3:1 славеше кај Њукасл и ја заврши сезоната со 99, бодови на вицешампионот Манчестер Сити на простувањето со Давид Силва го победи „фенерџијата“ Норич со 5:0о, и стаса до вкупно 102 погодици во 38 натпревари, во кои прими само 35 погодоци.

Голманот на „Граѓаните“, Едерсон по 16-ти пат сезонава ја сочува својата мрежа и со тоа дојде до титулата „Златни ракавици“, за најдобар голман во Премиер.

Уште еден играч на Сити по овој меч доби признание, Кевин де Брујне кој со 20 асистенции ко повтори рекордот на лигата кој во сезоната 2002/03 го постави напашачот на Арсенал, Тиери Анри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.