Асторе починал од срцев удар

Фудбелерот и капитен на „Фиорентина“, Давиде Асторе (31) починал од срцев удар, покажале резултатите од обдукцијата. Информацијата ја потврди обвинителот Антонио де Николо, кој отвори истрага за смртта на Асторе.

Асторе беше пронајден мртов во неделата во хотел во Удине пред официјалниот натпревар на неговиот тим во Серија А помеѓу Удинезе и Фиорентина.

– Од обдукцијата е потврдено дека Асторе починал поради застој на срцето. Чудно е што тоа му се случило на професионален спортист кој е многу често на лекарски прегледи. А при тоа немало никакви предзнаци дека нешто вакво можело да се случи- изјави обвинителот.

Тој појасни дека отвориле истрага против непознат сторител поради сомнеж за убиство од небрежност на Асторе, но дека тоа била вообичаена пракса во такви случаеви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.