AstraZeneca се согласи да ги намали испораките за ЕУ во првиот квартал за 50 наместо за 60 отсто

EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Европската унија успеа да испреговара дополнителни 9 милиони дози од вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“ во насојувањата да го надомести намалувањето на испораките на компанијата, или вкупно 40 милиони дози, соопшти во неделата вечерта на Twitter, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Според тоа, компанијата се согласила да испорача половина од претходно договорените дози од 80 милиони за првиот квартал на 2021 година, односно 31 милион дози или 40 отсто помалку.

„Чекор напред за вакцините. AstraZeneca ќе испорача 9 милиони дополнителни дози од последната понуда на компанијата, со што во првиот квартал бројката ќе се искачи на 40 милиони дози. Покрај тоа, компанијата вети дека ќе започне со испораките една седмица порано и ќе ги зголеми своите капацитети за производствво“, напиша фон дер Лејен.

Пред осум дена „AstraZeneca“ ја извести Европската комисија дека поради проблеми во производствениот капацитет во Белгија ќе мора да ги намали своите испораки за 60 отсто, од 80 на 31,5 милиони дози. Оваа информација предизвика голем скандал во Брисел и доведе до забавување на плановите на вакцинацијата во неколку земји во ЕУ. Следниот перидот Европската комисија правеше обиди и притосоци да добие гаранции од компанијата за зголемување на испораките.

Фон дер Лејен водеше стратешки разговори со седум извршни директори на фармацевтските компании со кои ЕУ потпиша дпоговори за вакцини против Covid-19, а Брисел беше под жестоки критики поради својата стратегија за вакцинирањето.

„Пандемијата ги истакна ограничувањата производствените капацитети“, истакна извршната челничка на ЕУ во соопштението по видео-конференцијата.

Во соопштението за медиумите се наведува дека состанокот бил насочен на мерките во текот на пандемијата, новите соеви на коронавирусот и производството на вакцините.

Покрај претставникот на „AsreaZeneca“, на видео-конференцијата учествувале и челниците на германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ и на нивниот американски фарамцевтски партнер „Pfizer“, како и челниците на уште два американски производители „Johnson & Johnson“ и „Moderna“, на францискиот „Sanofi“ и германски „CureVac“.