АстраЗенека најави вакцини против новите видови коронавирус до есен

Компанијата „АстраЗенека“  и Универзитетот во Оксфорд веќе планираат на есен да произведат нова генерација вакцини против ковид-19, кои ќе штитат од нови видови коронавирус, соопшти британско-шведската фармацевтска компанија.

На прашањето кога „АстраЗенека“ може да произведе нова генерација вакцини кои исто така ќе штитат од мутации, главниот истражувач Мене Пангалос рече дека тоа ќе се случи што е можно побрзо.

– Работиме многу напорно и веќе зборуваме не само за соединенијата што треба да ги направиме во лабораторијата, туку и за клиничките испитувања – рече Пангалос на прес-конференција, додавајќи дека ќе има нешто подготвено до есен.