Астронаутите од ISS го следеле движењето на Дедо Мраз

Со децении Сверноамериканската (САД и Канада) агенција за противоздушна одбрана NORAD дава податоци за движењето на Дедо Мраз кој дели подароци, но оваа година првпат во оваа акција се приклучиле и американските астронаути од Меѓународната вселенска станица (ISS).

„Добивме визуелна потврда дека Дедо Мраз во моментов патува јужно, над Индија“, изјави Ендрју Морган во видео-врска, додека левитирал на ISS.

Северноамериканската команда за противвоздушна одбрана (NORAD) соопшти дека ISS патува со брзина од 27 илјади километри на час, на височина од 402 километри над Земјата, што дава „одличан појдовна точка за откривање на Дедо Мраз на неговото годишно патување по светот“. „NORAD ја цени поддршката на полковникот Морган и екипата на ISS“, додаваат.

Командата наведува дека Дедо Мраз и неговите собови се наоѓале кај Манагва во Никарагва во средата и дека поделиле над 5,7 милијарди подароци. Патешествието започнало од Сверниот пол во вторникот.

NORAD го следи патувањето на Дедо Мраз од 1955 година, кога дете случајно се јавило во оваа агенција, мислејќи дека се јавува кај Дедо Мраз. Дежурниот офицер тоа набрзо го сфатил и го уверил дека Дедо Мраз е на пат и дека подароците стигнуваат според планот.

Денес околку 1.500 волонтери ѝ помагаат на војската да одговори на повиците и на електронските пораки од децата. Американската прва дама Мелани Трамп им се придружи и одговари на повиците на неколку деца од САД.