Астрономите го идентификуваа изворот на мистериозниот радио-сигнал од Вселената

Астрономите успеаја да ги проследат врските меѓу магнетните и брзите радиораспрснувања, чиешто потекло не е со сигурност утврдено, се наведува во написот на веб-страницата на Европската вселенска агенција (ESA).

До откритието е дојдено благодарение на вселенската опсерваторија Integral, дизајнирана за проучување објекти во ткн тврд рентгенски и гама-дијапзаон. Кон крајот на април годинава скенерите на опсерваторијата го забележале магнетарот (неутронска ѕвезда со екстремно моќно магнетно поле) SGR 1935+2154, откриен шест години претходно. Со фиксирање на активноста на магнетарот, научниците откриле дека тој не само што емитувал обично рентгенско зрачење, туку и радио-бранови.

Системот за предупредување инсталиран на Integral веднаш за тоа ги известил опсерваториите низ целиот свет, дозволувајќи им на научнциите детално да го испитаат изворот на зрачењето. На пример, канадскиот радиотелескоп CHIME регистрирал брзо радиоемитирање со голема моќност, при што радио-брановите доаѓале од SGR 1935+2154.

„Никогаш немаме видено магнетар кој емитува радио-бранови кои личат на рафално радио-распрснување“, вели водечкиот автор на студијата Сандро Мерекети од Националниот институт за астрофизика во Милано.

Според него, ова е првата регистрирана врска меѓу магнетарите и брзите ради-експлозии.

„Станува збор за навистина важно откритие коешто ќе ни овозможи да се фокусираме на природата на овие мистериозни појави“, додава Мерекети.

Претходно астрономот Шринвас Кулкарни од Калифорнискиот технолошки институт за порталот Science Alert изјави дека астрономите првпат регистрирале рафална појава на радиобрановои во галаксијата Млечен пат, проследени со налет од ренгентски зраци. Тогаш истражувачите сугерирале дека изворот на рафалното распрнување е магнетарот SGR 1935+2154. Магнетарите се посебна класа неутронски ѕвезди кои се поврзани со најмоќните и најсилните експлизии во Вселената. Тие ги имаат најсилните магнетни полиња.

Брзите (рафални) радиоексплизии , кои ги регистрираат радителескопите, се моќни периодични радио-сигнали со должина од милисекунди, кои доаѓаат од длабочините на Вселената. Тие првпат беа откриени во 2007 година, но новната природа останива непозната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.