Астрономите открија органски молекули во планетарните маглини

Aмериканските ученици откриле органски молекули во планетарните маглини лоцирани во најдалечните периферии на Млечниот пат. Претходно се веруваше дека овие делови од Галаксијата се премногу студени за да можат да поддржат сложени хемиски процеси, покажуваат резултатите од истражувањата кои се претставени на 238-та средба на Американското астрономско здружение.

Користeјќи го системот радиотелескопи ALMА во чилеанската пустина Атакама, истражувачите од Универзитетот Аризона под водство на Луси Зјурис забележале радио-емисија на водород цијанид (HNC), формал-јони (HCO+) и јаглерод моноксид (CO) во пет планетарни маглини кои се формирале на местата на ѕвездите кои умираат.

Се проценува дека планитарните маглини обезбедуваат до 90 отсто од материјалот во меѓуѕвездените медиуми, а само 10 отсто е уделот на суперѕвездите. Претходно се претпоставуваше дека материјата на планетарните маглини е претставена со атоми, но сега се покажува дека планетарните маглини служат како извори на молекули за формирање нови ѕвезди и планети. Кога една ѕвезда кон крајот на својот живот го губи најглемиот дел од својата маса и станува ткн бело џуџе, таа обично излачува силно ултравиолетово зрачење. Долго време е сметано дека ова зрачење ги уништува сите молекули во меѓуѕвездениот медиуми, претворајќи ги во атоми. Резулатите од набљудувањето покажале дека не е така.

Досега планетарните маглини беа набљудувани само во видливата светлина и беа сметени за сферични, бидејќи ѕвездите го завршуваат својот живот во форма на сфера. Но радиофрективните слики со висока резолуција ги откриле нивните сложени геометрии. Некои области од густ материјал исфрлен од ѕвездите кои умираат имаат биполарни, па дури и четириполарни структури. Авторите на истражувањата сметаат дека примента на обликот на маглините може да биде предизвикана од процесите на нуклеосинтезата, односно формирање нови елементи во внатрешноста на ѕвездата.

„Тоа ни кажува дека во ѕвездата што умира, во сферичната до нејзината последна фаза, откако минала низ стадиумот на планетарна маглина постои многу интересна динамика, која ја менува оваа сферична форма“, вели во соопштението на универзитетот за јавноста професорот Зјурис.

Научниците, исто така, известиле за откривањето на молекуларните облаци од метанол во центарот на Галаксијата. Користејќи го 12-метарскиот телескоп ARO на Унивезитетот Аризона, истражувачите проучувале 20 молекуларни облаци во ракавите на соѕвездието Лебед и сите двесет откриле матанол. Изучуваната област се наоѓа на растојание од 13 до 23,5 килопарсеци од центарот на Галаксијата, што е многу подалеку од надворешните граници на населуват зона, односно регионот со најповолните услови за настанок и безбедна еволуција на живот, сместено на 10 килопарсеци од центарот на Млечниот пат.

Според научниците, нивното откритие ја доведува во прашање сегашната претстава за галактичката зона на населивост, според која за постоење услови во кои може да се развива живот, планетарниот систем не може да биде премногу блско до галактичниот центар со својата уклучително висока густина на увездтина и интензивното зрачење, како и премногу далеку од него, бидејќи на периферијата на Галаксијата недостигаат критичните елементи за живот, како што се кислород, јаглерод и азот. Резултатите од студијата покажуваат дека процеите коишто доведуваат доформирање органска материја се одвиваат на периферијата на Галаксијата.

Сега авторите продолжуваат да бараат во меѓуѕвездените простори други органиски соединенија, како што се металцијанид и други молекули со престенеста структура и фунцкионални групи, кои слуќат како клучни градежни блокови за биомолекулите. Според истражувачите, органските молекули присутни во новите планетарни системи може да се кондензираат на површината на астероидите, каде што овие молекули потенцијачно може да довадат до почетоја на развој на некоја форма на животот.