Астрономите открија доказ за најрано познатите ѕвезди

© Sarah Stewart/UC Davis

Земската антена во западна Австралија открила доказ за најрано познатите ѕвезди кои ја осветлувале новонастанатата Вселена обвиена со темнина по нејзиното формирање во Големиот тресок.

Научниците во средата објавија дека слабиот сигнал од гасот водород забележан со антената упатуваат на пристуство на ѕвезди околу 180 милиони години по Големот тресок кој се случил пред 13,8 милијарди години, кога Вселената имала помалку од 2 отсто од сегашната старост.

Водородот и тогаш бил најовообичаениот елемент, како што е и сега. Иако овие рани ѕвезди не се директно заблежани, ултравиолетовото зрачење коешто го емитирале ги изменило својството на околниот гас на водородот доведувајќи до тоа водородот да ги апсорбира заднинските радио бранови од дополнителното сјаење на Големиот тресок и така да го овозможи откривањето.

Астрологот од државниот универзитет во Аризона, Џад Боуман, вели дека набљудувањата ги потврдуваат очекувањата кога се појавиле првите ѕведи. Боуман додава дека овие ѕвезди се разликувале од денешните ѕвезди, бидејќи се формирале од изворниот првобитен гас настанат по Големиот тресок.

„Овој гас бил речиси во целост водорот и хелиум. За разлика од тоа, речиси сите подоцнежни ѕвезди се формирале од гасот кој бил збогатен со потешките елементи на периодичната табела, како што се јаглеродот и кислородот. Се смета дека првите ѕвезди биле многу масивни и кусотрајни и со сина боја. Воопшто, формирањето на ѕвездите е слично на сегашните уште повеќе што е потребно областа на гасот да се урне во доволно густ џеб кој фузијата ќе го запали“, додава Боуман.

Откритието не исклучува дека некои ѕвезди можеби настанале дури и порано. „Не можеме точно да кажеме кога се формирале првите ѕведи, но сега можеме да кажеме дека тоа се случило пред околу 180 милиони години“, додава.

Радио-брановите упатуваат на тоа дека Вселената била веројатно двапати постудена отколку што порано се мислеше, минус 270 Целзиусови степени.

Алан Роџерс, радио астроном од опсерваторијата „Haystack“ при прочуениот Massachusetts Institute of Technology (MIT), вели дека тоа може да се објасни со меѓусебното делување меѓу гасот и темната материја.

Темната материја и натаму е загатка бидејќи станува збор за материја којашто не емитува светлина или енергија, и се смета дека опфаќа околу чествртина од вкупната маса и енергија, но не е директно набљудувана. Научниците веруваат дека таа постои како последица на влијанието на грацитацијата кои изгледа дека ги има на галаксиите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.