Астрономите предупредуваат дека кон Земјата се приближува „исчезнат“ астероид

© Fotolia / AND Inc

Кон земјата се приближува „исчезнатиот“ астероид со ознаката 2010 WC9, објави специјализираниот портал EarthSky повикувајќи се на соработниците на британската опсерваторија Northolt Branch.

Првпат астероидот 2010 WC9 е забележан на 30-ти ноември 2010 година со помош на Каталинскиот небесен надзор во американската сојузна држава Аризона. Астрономите не успеаја да го набљудуваат овој вселенски објект само до 1-ви декември истата година, по што тој исчезнал од нивното видно поле. По речиси осум години сега персоналот на американската опсерваторија одново успеаја да го забележат 2010 WC9.

Доближувањето на ова небесно тело до Земјата ќе се случи на 16-ти мај во пет минути по полноќ по македонско време. Астероидот 2010 WC9 ќе мине на оддалеченост од околу 203.000 километри од нашата планета, а неговата брзина се проценува на околу 46.000 километри на час. Дијаметарот на објектот варира во процените помеѓу 60 до 130 метри, што при евентуален судир со друг небесен објект може да предизвика сериозни последици.

Како што се истакнува на EarthSky, астероидот ќе мине крај Земјата прилично блиску: растојанието ќе изнесува 0,53 растојанија на нашата планета до Месечината. Астрономите истакнуваат дека не постои закана од судир.