Астрономите првпат ја видоа „крофната“ на супермасивна црна дупка

© Carilli et al., NRAO/AUI/NSF

Радиотелескопот VLA ги добила првите јасни снимки од ткн крофна од материјата околу една од двете супермасивни црни дупки во центарот на соѕведието Лебед А, а ова откритие ја потврди теоријата за „единственото“ потекло на сите видови квазари, пишуваат научниците во студијата која ќе биде објавена во стручното списание Astrophysical Journal Letters.

„Задоволни сме што конечно можевме да го видиме објектот во чиешто постоење одамна сме убедени. Со цел попрецизно да се утврди обликот и составот на оваа ‘крофна’ ќе треба да спроведеме нови набљудувања. На преимер телескопот ALMA ќе состави мапа за распоредот на прашината во неговата внатрешност“, вели Крис Карили од американсата Национална радиоастрономска осперваторија во Сокоро.

Шемата на крофната од прашина и гас, која ја опкружува црната дупка во центарот на галаксијата

Како што во моментов веруваат астрономите, супермасивната црна дупка се наоѓа во центарот на секоја галаксија, континуирано го апсорбира топлиот гас и прашината од акцесниот диск – акумулација на материја во облик на прстен, кој дирекно ја опкружува. Дел од вој гас и прашина се исфрла од црната дупка во вид на млазни тенки столбови од гас, забрзани речиси до брзината на светлината и испуштаат огромнни количества енергија во форма на светлина и рентген зраци. Теоретските пресметки покажуваат дека црната дупка и ткн акрециски диск, пак, мора да бидат опкружени со еден вид „капа“, многу густа и дебела „туфна“ од гас и космичка прашина, што го спречува ширењето на зрачењето од млазот и прстенот од прашина.

Благодарејќи на тоа, сличните галаксии може да изгледаат сосоема поинавки, доколку бидат погледнати отстрана или одозгорга. На пример, сите активни галаксии, во чијашто средина има квазари или блазери, ги гледаме од страната на дупката во оваа крофа, а емисиите од црната дупка во потивките „ѕвездени мегалополиси“ се скриени од нашето набљудување со кожурецот од прашина и гас.

Некои астрономи не мислат така и сугерираат дека разликите во појавата на „тивките“ и „светлите“ галаскии се поврзани со уште непознати функции во структурата на нивните јадра. Карили и неговите колеги докажале дека скептиците не се во право по ова прашање, гледајќи го централниот дел од галаскијата Лебед А со помош на радиотелескопот VLA.

Пред две години авторите на статија случајно ја откриле втората супермасивна црна дупка во центарот на овој „ѕвезден мегалополис“, спроведувајќи рутински проверки на оваа опсерваторија по нејиното последно ажурирање. Ова откритие ги натерало детално да ги испитаат „жителите“ на центарот на галаксијата Лебед А надевајќи се дека ќе најдеат траги од нивните можни интеракции. Повторните набљудувања на Лебед А донеле ново изненадување. Зголемувајќи ја чувствителноста и резолуцијата на антените на VLA, Карили и неговиот тим ги добиле првите јасни фотографии од „покривот“ од прашината и гасот во опкружувањето на црната дупка и нејзиниот аккрециски диск.

За да го направат тоа, научниците добиле фотографии од овие објекти во различни фреквенции, ги комбинирале и ги избришале сите податоци поврзани со емисијата од самите објекти. Како разултат на тоа станала видлива структура во форма на диск, која се наоѓала на растојание од централната дупка. Нејзиниот радиус изнесува околу 860 светслосни години, а неговата дебелина е околу 900 светлосни години.

Додека астрофизичарите не можат точно да кажат како функционира оваа појава, сепак, сооносот на осветленоста и проценатата густина на „
Капата“ на црната дупка сугерира дека е многу хетерогена според својата структура. Според научниците, таа се состои од релативно мали облаци од гас и прашина со разчличен степен на јонизација, густина и други својства.

И покрај сево ова, откритието, како што сметаат Карили и неговите колеги, потполно ја потврдува теоријата за заедничкото потекло на сите видови квазари. Научниците притоа се надеваат дека набљудувањета на ваквите форми со помош на другите телескопи ке ги потврдат нивните наоди и ќе ги откријат неговите хемиски состав и структурата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.