Аталанта испушти три гола предност против Лацио

ANSA/ANGELO CARCONI

Фудбалерите на Аталанта по првото полуврме имаа водство од 3:0 на гостувањето во Рим кај Лацион, но на крајот освоија само бод во првиот саботен натпревар од осмото коло на италијанското првенство.

Екипата под водство на Џан-Пјер Фасперини одигра одлично прво полувреме и благодарејќи на погодоците на Колумбиецот Луис Муреол во 24 и 29 минута, и на Аргенгинецот Алехандро Гомез во 37 минута на полувреме замина со убедлива предност.

Гостите на „Олимпико“ ја одржуваа предноста до 69 минута, кога италијанскиот репрезентативец Чиро Имобиле го избори и реализираше првиот од двата пенала. Во 70 минута Аргентинецот Жоакин Кореа го намали заостанувањето на Лацио на само еден гол, а во втората минута од судиското продолжение Имобиле уште еднаш беше непогрешлив од белата точка.

Аталанта сега има 17 бодови и привремено се задржа на третото место, за водечкиот Јувентус кој има 19 и воропласираниот Интер со 18 бодови, а кои имаат и меч помалку од тимот од Бергамо. Лацио е на петтото место на табелата со 12 бодови, но по заокружувањето на колото може да назадува неколку позиции.

Во саботата на распоредот се уште два натпревари, а се среќаваат Наполи – Верона, во 18 часот и Јувентус – Болоња во 20.45 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.